речник контакт

Што беше причината за немање на електрична енергија ноќеска во Велес

ЕВН причината ја лоцира во проблем на друг субјект

Петар Печков

Што беше причината што синоќа,  понеделник кон вторник,  поголем дел од Велес остана без електрична енергија барем во два наврати 23:55 до 00:11 и од 00:51 до 00:55 часот? Ова e  прашањето koe  ТрМр го постави до ЕВН. Одговорот е дека причинител е дефект од друго правно лице. 

„Прекините во среднонапонските изводи на Електродистрибуција беа предизвикани од дефекти во туѓа среднонапонска инсталација“ – соопштија од ЕВН.

Денес поради немање на струја голем маркет во Нова населба мораше да прекине со работа.
 
Струjа немаше поголем дел од градот. Имаа домаќинства од левата страна на градот а светеа и уличните светилки.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »