Петар Печков
Објавено: петок, 07 април 2017
Дел од извештајот на СВР Велес за тоа што се случило минатата година на територијата на Општина Велес.
Од потешките кривични дела во 2016-та извршени се: две убиства, три силувања, четири разбојништва, една разбојничка кражба, седум напад над службено лице, шест спречување на овластено службено лице, едно грабнување и 36 кражби на пари и накит од станови.
Нерасветлени останале едно убиство, едно разбојништво и дел од кражбите на пари и накит од станови, па во текот на оваа 2017-та година остануваат како задачи на полицијата за расветлување на овие кривични дела.
Анализата на кривичните дела против имотот покажува дека тешките кражби најчесто се извршувале во куќи, станови, продавници, моторни возила, викендички, подруми а најчесто се одземани пари, злато, накит, акумулатори, делови од возила, техничка стока и прехранбени производи.
Минатата година СВР Велес во 30 заеднички акции со ШС Бабуна и Шумска полиција фатени биле 36 сторители на кражби на дрвја, при што биле поднесени 6 кривични и 30 прекршочни пријави за нелегален превоз и бесправна сеча до 1м3. Во овие акции одземени биле два камиони и 27 автомобили, како и 80 метри кубни огревно дрво.
Лани полицијата регистрирала пет нарушувања на јавен ред и мир во училиштата со физички напади. Јавниот ред од ланските 234 нарушувања, половината 143 било поради физички напади а на второ место е непријавување на огномет во 32 случаи.
СВР Велес констатира дека најголемиот број нарушувања на ЈРМ во угостителските објекти се случиле во кабаре „Клуб 54„ и „Авангард„ и тоа поради консумирање на алкохолни пијалаци, гостување на пејачи и присуството на лица познати нарушители на ЈРМ.
Во годишниот извештај на велешката полиција за лани најмногу поплаки од граѓаните се регистрирани во однос на работењето подолго од законски предвиденото време и реметење на ЈРМ со гласна музика од страна на угостителските објекти „Болетус„ и „Баварија„ и реметење на ЈРМ со гласна музика одстрана кафе баровите „Пјур„ „Мурано„ и „Аквариус„.
СВР Велес минатата година кај нив регистрирала 18 случаи на семејно насилство и по барање на жртвите поднела кривични пријави. Лани биле поднесени дури 30 прекршочни пријави поради непријавување на огномет .
Tweet |