Петар Печков
Објавено: четврток, 08 октомври 2026
Освен пејачките ѕведи на годинашнава Питијада во Велес и бројни придружни настани, кои ја збогатуваат понудата за забава на гостите.
Сите три дена има базар на рачни ракотворби, каде што лицата кои изработуваат различни предмети ќе ги изложат и понудат на јавноста на продажба.
Петок вечер по отворањето е сечењето на џиновската пита, закажано за 20ч. Нејзината продажба е со хуманитарен карактер, сите собрани средства се наменски за Општинската организација на Црвен крст Велес, која ќе одреди за што ќе се искористат.
Сабота од 11ч. од Авона надолу по ул. Благој Ѓорев е изложбата на олдтајмери, стари примероци на возила во возна состојба, во организација на „Кингс оф д стритс“ од Велес. Најавени се стотина учесници, освен од Макеоднија и од Србија, Хрватска, БиХ. Се очекува да пристигне и летово набавениот „ФОРД Т“ произведен 1923 година, кој е во сопственост на битолчанец и е вистинска атракција.
Недела 11 октомври е велоспедска и планинска тура на „Велес бајкинг“. Велосипедската тура е со должина од 23,6км со елевација оод 393м и спаѓа во лесни тури. Правецот на движење на турата е Винарија Шато Сопот- село Сопот-дрвен висечки мост на река Вардар ( една од најголемите атракции на настанот) – црква Св.Петка –– Топилница –Башино село – завршува во винарија Сопот. Рекреативна планинарска тура „Питијада – hiking“ е во должина од 7 км во еден правец од винарија Сопот до село Слп, со елевација од 270 м и која спаѓа во категорија на средно-лесна тура.
Недела на пладне е изборот на нај пита, која ќе ја избере жири од 15 познати Европски кулинари, со пити набавени по случаен избор од штандовите.
Годинава организаторот Општина Велес изготви и веб страница, на која ги има сите потребни информации, но и локациите за место за паркирање за гостите од други градови.
ПРОГРАМА:
ПЕТОК 9 ОКТОМВРИ
20:30 ТОНИ АНДРЕЕВ
22:00 ВЛАТКО И ЗЛАТНО МИЛАДИНОВСКИ
23:20 ВЛАТКО ЛОЗАНОВСКИ
САБОТА 10 ОКТОМВРИ
12ч.. ДЕТСКИ ФЕСТИВАЛ ЈАБОЛКЧИЊА
19 МАРИЈА СПАСОВСКА
20:15 АНА ПЕТАНОВСКА
21:45 АЛЕКСНАДАР ТАРАБУНОВ
23:45 НАТАША БЕКВАЛАЦ
НЕДЕЛА 11 ОКТОМВРИ
19 БЛАГИЦА ПАВЛОВСКА
20:15 АНТОНИА ГИГОВСКА
21:45 ДАВИД ТЕМЕЛКОВ
23:15 ЦРВЕНА ЈАБУКА
| Tweet |





