Петар Печков
Објавено: среда, 15 јануари 2014
Изминатата година била уште една успешна за велешкото ЈКП Дервен. На прес конференција тие ги презентираа ефектите од нивната работа за 2013- тата година, за која очекуваат дека ќе заврши позитивно, како и деветте месеци работа.
За 9 месеци пет милиони добивка, платени се двете рати 17-та и 18-та на МЕАП кредитот. Воведовме ноќно собирање на смет на територија на градот со добри резултати, нема повеќе сообраќаен метеж од возилата на ЈКП Дервен, исчистени повеќе диви депонии со смет и градежен шут. Завршена реевиденцијата на гробиштата во Св. Спас. Набавено е ново возило за обезбедување пристап до високите дрва за одржување на деградираните дрвја, и за одржување на висечките жардинери, набавен нов озонер за фабриката за вода, набавена е дробилка за гранки од деградираните дрва, набавен нов булдожер за депонијата за смет. Започнавме со собирање на смет во селата Отовица, Сујаклари, Раштани а годинава ќе се започне во Кумарино, Клуковец Бузалково, Мамутчево и Иванковци. Формирани браварска работна група која ќе се грижи за одржување на урбана опрема, градежна работна група, работна група која ќе се грижи за деградираните дрвја, група за новогодишно украсување. Сите тие се опремени со потребната опрема – изјави Александар Бузалков помошникот директор за финансиски и правни работи при ЈКП Дервен .
Тој најави дека планови за годинава се одржување на зеленети површини, создавање на нови паркови пред ОУ Васил Главинов и паркот кај Автобуска, започнување на постапка за јавно приватно партнерство за Градскиот пазар. Бузалков упати апел до граѓаните да ја чуваат животната средина, да го чуваат чист, домаќински да се однесуваат кон новата урбана опрема и цветните насади како и рационално да ја користат на водата за пиење.
ЈКП Дервен имал моментално 301 вработен а според систематизацијата може да има 331 вработен. Цената на водата нема да се менува и покрај тоа што тие плаќаат повисока цена кон ЈВП Лисиче, бидејќи истата учествува со само 8 отсто во вкупните трошоци на ЈКП Дервен..
ЈВП Лисиче ја коригираше цената за пиење која ја плаќа ЈКП Дервен и во октомври ја покачи од 2,8 на 3 денар за м3 плус ДДВ. Покачувањето е според важешкта методологија. Ова покачување нема да влијае на цената која велешани ја плаќаат – вети Бузалков.
Tweet |