речник контакт

Што советниците го прашаа градоначалникот на Седница на Совет

Советничките прашања од 53-тата Седница на Советот на Општина Велес

Петар Печков

         Живе Катранџиев

1.Молба од жителите од населба Тунел и Превалец градското комбе во летниот период да биде до 22 часот наместо до 21 часот.

2.Дали може да се уреди игралиштето во Дворови?

           Ангел Димов

1.Жителите од Урбаната заедница Речани бараат осветлување на улица Хаџи Коста?

2.Тротоарот на мостот „Гемиџии“ пред дуќаните е многу оштетен и со дупки ако може да се санира?

          Рајна Стојанова

1.Молба од граѓани да се санира сегашниот пристапен патот од главната улица кој води до зградите во „Сив дом“?

            Елизабета Чуповска Ристова

1.Дали може Општината да превземе мерки околу кучињата скитници посебно реакции има од граѓаните кои живеат во близина на ООУ „Св. Кирил и Методиј“.

              Драган Димески

1.Дали може Општината да превземе некои активности за запрежните коли околу изметот што останува на улиците. Да се уреди со некој акт и да се обврзат да носат некои кантички/торбички?

          Виолета Галева

1.На улица Кузман Јосифовски (Tеќе) еден мал дел од улицата од броевите

54-68, 73, 75 десно од дуќанчето не им е сменета водоводната мрежа, дали се планира да се промени и за овој дел?

             Валентина Делиманчева Андреева

1.Спојот на улица „Вера Цири Вири“ со улица „Киро Рогужаров“ коцките се извадени ако може да се наместат нови?

2.Дали може на улица Кирил Пејчиновиќ на спој со улица Питу Гули да се прередат коцките или да се постават нови?

               Бобан Коруновски

1.Во програмата за уредување на градежно земјиште во ЈДО точка 13 предвидено е изградба на потпорен ѕид на улица Трајко Митев бр. 4 до каде е оваа постапка?

2.Во игралиштето во „Гимназија“ има терен за фудбал и баскет, има и еден дел кој не е доволно искористен дали може да се приспособи и уреди оваа или наредната година?

           Нада Трајкова

1.УЗ Родна Ивева во поранешното училиште на ЈХК-Џинот во дворот да се постави урбана опрема?

         Петре Саздов

1.Жителите од урбаните заедници Речани и Превалец бараат да се постават забавувачи за координација на брзо возење на локациите кај Превалец

- Мак Петрол кај силосите, а во Речани на почетокот дали може да се превземат активности?

             Иван Ивановски

1.Дали во проектот за гасификација е предвидено да поминува низ нашата Општина?

2.Да добие информација за градењето на Хотел „Интернационал“ за намената и кога би бил готов?

           Тања Најдова

1.Кога ќе се заврши со промената на водоводната мрежа на улица „Маца

Овчарова“?

2.При изградбата на потпорниот ѕид на улица „Коле Цветков“ дали може дел од патот да се пополни? Усно Градоначалник

            Митаат Маслак

1.Дали ќе има слободен јавен превоз за пензионерите за околните места?

2.Во с. Оризари се симнуваат ламби, а не се поставуваат нови, дали може да се постават нови?

            Борче Павлов

1.Здружение на граѓани за лица со инвалидитет реагираат околу висината на тротоарот. Од Општина е одговорено дека висината е согласно стандардите.

2.На езеро Младост кај поставената урбана опрема има многу ѓубре и има поплака за непрописно паркираните возила. Дали ќе се предвиди некое решение за решавање на ова. 

         Кирил Гајдов

1.Советот донесе одлука за формирање на АД ГРК Борец, дали може да се добие извештај за работењето и финансиската состојба на клубот?

2.Втората фаза на хидро системот Лисиче до каде е?

              Маријанка Мишева

1.Група на велосипедисти прашуваат до каде е изградбата на велосипедската патека

2.Жители од улица Стефан Димитров и Мите Богоевски каде е направена промена на водоводната мрежа, но имаат проблем со притисокот, зошто е ова вака?

          Панче Иванов

1.Во УЗ Дворови на улица „Никола Оровчанец“ има еден дел кој е ограден со метални столпчиња и ограда, поради ова има проблем при минувањата на возилата. Еден дел од оградата е изваден, но железата не се исечени до крај и прават проблем

2.За манифестацијата „Рацинови средби“ Советничката група на социјалдемократскиот сојуза на Македонија нема добиено покани од организаторот, зошто е тоа така?

            Александар Домазетов

1.Дали се планира реконструкција на тротоарот на улица 11 „Октомври“ бр. 2 и 4?

2.До Општина е пристигнато барање со број 08-1480/1 и 27/1479 за промена на урбанистички план во Речани до каде е постапката за него?

           Еленче Тевчева

1.Граѓаните од улица „Архепископ Михаил“ бараат да се постави контенер кај трафиката „Вили“, бидејќи сега се врла во разрушената куќа и се шири непријатна миризба? Усно Градоначалник

2.На улица Оливер Китановски зад „Жито“ кај новиот кружен тек има потреба од поставување на континер, дали може да се реализира ова?

              Благој Коларов

1.Колкав е долгот на општинските и средни училишта по основ на превоз, нафта и други трошоци, заклучно со 27.06.2016 година?

2.Извештај од Градоначалникот за превземени мерки за досегашните високи долгови по основ на превозот на учениците за средните и основните училишта?

     Во очекување и надеж дека одговорите кои ќе ги добијат советниците ќе бидат достапни да ги прочита јавноста, оти сие се поставени токму по барање на граѓаните. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »