Петар Печков
Објавено: петок, 30 март 2018
Нада Трајкова: Проблем на улица Богдан Каракостев, за пет куќи од 151 до 155, кои се поврзуваат со главниот пат преку тесно сокаче. И во зимно време овие куќи се отсечени,да се преземат активности да се уреди улицата. Жители од улица Васил Ѓоргов, веднаш над кривините до плоштад Којник, до спој со улица Петре Алчев поради брзина на возачите со автомобили да се постави лежечки полицаец? Коцевски- легнати полицајци можат да се поставуваат само во близина на училишта, детски градинки
Славче Радевски: Зошто се креваат објектите кај пазариште и дали ќе се крева пералната спроти зградата Вук?
Коцевски: Започнавме да доставуваме налог за отстранување на времените објекти на улица Петре Прличко. Сакаме да создадме услови да подобро користење на паркинг просторот. Тесно грло е влезот и излезот и затоа сакаме да има кружно движење за влез и излез. Не сакаме да им го земеме парчето леб, туку нивниот бизнис нека го продолжат во друг објект, ги има доста околу пазариштето. За пералана ако е времен објект и тој ќе се крева.
Петре Саздов: Жители од улица Кузман Јосифов, Киро Зафиров и дел од Ужичка, повеќе пати поднесуваат барање за промена на водоводна цевка, бидејќи сега имаа азбесна цевка. Дали годинава ќе се смени?
Коцевски -Во Буџетот годианва се предвидени 3 милиони денари за промена на азбесните водоводни цевки, од градска водоводна линија. Тие не се доволни за промена на сите, кои ќе се работат годинава ќе одлучиме дополнително. Но за следните три години планираме сите такви да бидат променети.
Драган Димевски: Зошто не се емитуваат седниците на Советот на локалните ТВ? Зошто не се завршени тендерските постапки за превоз на учениците?
Коцевски - Од трите телевизии кои работеа едната повеќе не постои, другите две имаат проблем и немаат право да се јавуваат на нашите повици и невозможно е да се склучи договор. За второто прашање е чудно што автопревозниците секогаш на секој тендер се јавуваат по еден за секое училиште, ги набиваат цените и така остваруваат висока добивка.
Александар Табаковски: Трите улици Живко Фирфов не се меѓусебно поврзани, освен преку диви земјени патеки кои се и небезбедни. Кога ќе се поврзат. Второто прашањсе е за мини депонија која е над амбулантата Панче Васков и новата зграда тука нема контејнер.
Коцевски- една патека ќе направиме годинава. За контејнер таму сообраќајната полиција не дозволува да се поставува и бараме решение каде да се постави.
Александар Колев: Докази и потврди за исполнување на законските услови на новите членови на УО на ЈКП Дервен, податоци за степен на образование, работно искусво, сертификат за познавање на англиски јазик. Второ прашање за процедура и преземени активности за поставување на спомен обележје на Ротари клуб во паркот пред Гимназија.
Менхур Бачевац: Кога ќе се работи на улица Бајрам Асановиќ во Горно Оризари. Еден дел е е неасфалтиран. Коцевски оваа улица е предвидена годинава да се работи.
Марко Илиев: на Улица Прохор Пчински од Св. Богородица до Св. Спас доста бехатон плочки се однесени од поројот. Коцевски за брзо време ќе бидат санирани
Маја Хеско: Станарите од зградите Чешелот имаат проблем со паркирањето. Имаат гаражи купени и не можат да влезат таму, оти има таму паркирано коли од блиските ресторани. Повеќетонски камиони кои носат роба за КАМ се на кровот од подземните гаражи и може да се случи трагедија. Коцевски - регулирањето на сообраќајот е во надлежност на сообраќајната полиција.
Пандорка Лазаровска Прличкова: До каде е состојбата со споменикот на Атарук кој требаше да се постави во Младински парк.
Коцевски - сеуште не сум го видел, неодамна дознав дека е во пакети, на делови во Противпожарната единица. Има заинтересирани субјекти од други градови во Македонија, кои сакаат да го постават. Тоа не треба да го дозволиме. Димензите биле преголеми за да биде поставен во паркот Каршијака и се надевам дека со турската заедница во градот ќе најдеме соодветно решение. Ататурк е значајно име во светската историја и Велес треба да биде привелигиран да поседува таков споменик. Прашање е каде да го сместиме. Има и биста на Ататурк.
Ќирил Гајдов: Улица Ордан Џинот, парниот дел од улицата карши мене е во очајна состојба. Не може Брза помош да дојде до жителите, смет не се собира. Го зафаќа еден дел од свлечиштето Рамина. Второто прашање за улица Киро Рогужаров е во катастрофална состојба, некогаш светлото е лошо.
за прашањета каде нема одговор, градоначалникот писмено ќе одговори
Tweet |