речник контакт

Што треба граѓаните да знаат, за начинот на користење на услугите за бесплатна правна помош

Целта е да се информираат граѓаните за бесплатната правна помош, како и да се осигури и подобри искористеноста и пристапот до овие услуги .

Петар Печков

Со цел да се информираат граѓаните за бесплатната правна помош,  како и да се осигури подобри искористеност и пристап до овие услуги, се организираше презентација на оваа услуга.  Настанот  се одржи близу Градскиот пазар во Велес.

Проектот е  “Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија”  дел од програмата ‚‚Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II 2019-2022ʻʻ.

Заеднички проект на Европската унија и Совет на Европа кој што го спроведува Советот на Европа

„Јавните промоции допираат до разни локални заедници за да им дадат детални информации на граѓаните за тоа каде и како можат да најдат бесплатна правна помош и кои институции/организации ја даваат.  За време на настанот, граѓаните  имаа можност да им постават прашања на експерти од областа и да добијат одговори, како и да добијат лесно разбирливи информативни материјали за конкретните теми за коишто може да се побара и добие бесплатна правна помош, вклучувајќи семејно насилство, имотни прашања, дискриминација и социјална заштита, итн.“ -соопштија организаторите.   

Оваа активност е дел од серијата активности за подигање на свеста, поддржани од Европската Унија и Советот на Европа во соработка со Министерството за правда,  за  да се промовира користењето на бесплатната правна помош, со посебен осврт на ранливите категории.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »