Петар Печков
Објавено: среда, 19 мај 2010
Тие четири месеци годинава се без плата, поради што се решија да ги прекинат предавањата во двете паралелки по албански јазик, кои работат во најстарото средно училиште во Македонија, Гимназијата Кочо Рацин. Професорите, од кои некои патуваат и од Скопје, велат дека нема да продолжат со настава се додека не ги добијат сработените пари. На штрајкот се приклучија и учениците од прва и втора година, со што ги поддржаа нивните професори во барањата за плата. Поради ова тие не ги посетуваат часовите на кои предаваат професори македонци. Професорите реагираат и на распишаните конкурси за предавачи во албанските паралелки, а кои велат дека се само за оние предмети каде тие предаваат, додека на предметите каде предаваат македонци, како што се хемија, музичко, ликовно воопшто не се бараат професори со познавање на албанскиот јазик
Tweet |