Петар Печков
Објавено: вторник, 26 април 2022
Штрајкот на просветните работници во образованието продолжува, во градинките е ставен во мирување. Наставниците продолжуваат со штрајкот бидејќи не им е прифатлива понудата на Владата за зголемување на платите за 12 отсто. Во поголемиот дел од синдикалните организации од образованието, не била прифатлива понудата за повисоки плати до 12 отсто.
„Од вкупно 480 синдикални организации коишто се изјаснија, 388 беа да се продолжи штрајкот, а само 83 беа за прекинување. Најголем дел од организациите кои беа да се прекине штрајкот се од детската заштита или градинките, а речиси сите наставници да се продолжи со штрајк. Советот на СОНК донесе одлука дека штрајкот во училиштата продолжува сè до наоѓање на заедничко прифатливо решение. Додека во градинките штрајкот се става во мирување и тие редовно ќе работат“, кажа Јаким Неделков претседателот на Синдикатот на образование, наука и култура (СОНК)
Наставниците штрајкуваат од 11 април и децата трета недела не одат на училиште. Како ќе се надомести губењето на настава не е познато, . ниту кога и дали ќе се реализираат матурските испити.
Советот на СОНК одлучи да организира протест на 4-ти мај 2022 (среда), пред Владата.
Пропадна протестот на Конфедерацијата на Слободни Синдикати. Денеска во 16 требаше да бидат блокирани крстосниците кај Собрание и Влада, но до тоа не дојде.
Малку членови на КСС се појавија на закажаниот протест. Лидерот на Конфедерацијата обвини за притисоци.
Конфедерацијата на слободни синдикати се реши да организира протести за да побара усогласување на платите во јавниот сектор со минималната плата од 18.000 денари.
Утре на штрајк ќе излезат вработените во Управата за водење на матични книги. Шалтерите за поднесување барање за издавање на изводи од матичната книга на родени, венчани, умрени нема да работат додека не им се покачат платите. Штрајкот ќе започне од 8 часот наутро.
Како што велат од Независниот синдикат за водење на матични книги се решиле за штрајк оти никој не го вреднува нивниот труд.
„Во недостаток на социјален дијалог ова е единствениот пат за достоинствено вреднување на нашиот труд. Бараме да се покачат платите и да се донесе колективен договор за вработените“, велат од Синдикатот за водење на матични книги.
Предупредувачкиот протест, на Здружениeтo на судии, најавен за 28 април, се пролонгира од причина што од Владата биле преземени конкретни чекори, што се однесуваат на веќе договорените измени на Законот за платите на судиите, а во однос на зголемувањето на коефициентот за пресметка на платите на судиите од 15 отсто. Од Здружението на судии очекуваат дека овие измени во најкраток можен рок, ќе бидат усвоени од страна на Собранието.
Tweet |