речник контакт

Шумите и дрјвата како приватна своина

Двајца браќа од Долно Јаболчиште печалеле на продажба на дрвја за огрев. Кривични и против кавадарчани од ШС за несовесно работење во службата

Петар Печков

Против  Н.М. (25) , С.М. (22) двајцата  како  и против Друштво за транспорт, трговија и услуги „Шпенди Компани “ увоз извоз ДООЕЛ село Долно Јаболчиште,  поднесени се четири кривични пријави  поради основи на сомнение за сторени четири кривични дела, односно „даночно затајување“ „злоупотреба на службена положба и овластување “ , „фалсификување службена исправа “ и „кражба  на дрва“.

Браќата делата ги сториле во првата половина на годинава , така што во службената евиденција што ја водат -испратници задолжени од Државниот инспекторат за шумарство на првиот примерок кој е за странката ја впишувале стварната количина на дрва за огрев  која ја продаваат, додека на останатите примероци кои се наменети за книговодството наведувале количини од  висина од еден до два м3.

На овој начин  во службената исправа внесувале невистинити податоци, а се со намера да одбегнат плаќање на данок и други придонеси за кои се обврзани со закон како и да ја прикријат сторената кражба на дрва.  Така Н.М и С.М.  се стекнале со противправна имотна корист во износ од 1.1 милион  денари односно затаиле данок во износ од 173.557 денари.

Истовремено поднесени се кривични пријави и против повеќе вработени во ЈП Македонски Шуми подружница „Бор“   од Кавадарци. На Н.Л. (52) , П.М. (54) и Ж.О. (56)  сите од Кавадарци , од Шумска единица Клиново2 за несовесно работење во службата“. Тие  минатата година, со пропуштање на должен надзор или несовесно постапување во вршењето на своите овластувања и должности , предизвикале финансиски кусок во работењето на ШСЕ Клиново 2  во износ од 168.900,00 денари .

 Кривична пријава  добија и лицата С.Б. (55) , Р.Л. (35) , П.Д. (30), Т.Н. (46) и Т.И. (56) сите од Кавадарци,  од ШСЕ Кожув 2“ , исто така за  „несовесно работење  во службата“. Во текот на 2013 година , пријавените во својство на службени лица во јавното претпријатие , со пропуштање на должен надзор или несовесно постапување во вршењето на своите овластувања и должности , предизвикале финансиски кусок во работењето на „ШСЕ Кожув 2“  во износ од 265.863 денари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »