Петар Печков
Објавено: петок, 26 декември 2008
Петар Мирчевски, актер на Битолскиот Народен театар е добитник на овoгодишната награда „Петре Прличко“ која ја доделува општина Велес. Според комисијата во состав Александар Ивановски режисер, Ѓорѓи Бисерков Дампе и Александар Миќиќ актери, Мирчевски бил и останал еден од најангажираните и најекспонирани актери во македонскиот театарски простор и е пример за професионализам и врвно мајсторство со константно висок квалитет.
- Високата репутација на еден од водечките актери кај нас дојде како резултат на имозантниот број успешни остварувања на светскит и домашни калсици, но и на дела од совреметната драматургија. Неговиот оригинален артизам со посебната филозофија и умешноста создавање на живи и духовити карактери, се заокружени со индивидуален печат врз голем број класични и современи ролји – изјави Александар Ивнаовски, член на комисијата, која едногласно ја донела одлуката Петар Мирчевски, меѓу четворицата кандидати да ја добие наградата „Петре Прличко“. Таа се состои од 60 илјади денари паричен дел и плакета со ликот на Прличко и ќе биде доделена при крајот на јануари во Велес.
Филмови: Пред дождот, Прашина, Големата вода, Тајната книга, Збогум на 20 век, Како убив светец, Илузија, Балканкан, Папокот на светот, Феликс, Морам спават анџеле, Контакт.
Актерски остварувања: Сирано во “Сирано де Бержерак”, Данкан во “Макбет” Ричард III во “Ричард III”, од В. Шекспир, Иби во “Крал Иби”, Скапен во “Скапен” ,Воланд во “Мајсторот и Маргарита” , Малволиово “Ноќ спроти водици” Полониј во “Хамлет”,: Задрагоз во “Сон на летната ноќ” ,Петручио во “Скротената фурија” Моксо во “Црна дупка”.
Претходните две години оваа награда ја добија Благоја Спирковски Џумерко и Емил Рубен.

Tweet |