речник контакт

кампања „Држи го телото право за да изгледаш добро и здраво“

64 отсто од децата во ПОУ Маца Овчарова со телесни деформитети

Петар Печков

Грижата за здравјето на учениците со интелектуални и комбинирани пречки во психичкиот развој и аутизам во посебното основно училиште со ученички дом „Маца Овчарова“-Велес, е едно од приоритетните подрачја во воспитно образовната работа на училиштето. Особено внимание се посветува на превентивната заштита и поддршка на учениците во нивното ментално и хигиенско здравје.

За прв пат оваа учебна 2013/14 година во училиштето се спроведе кампањата „Држи го телото право за да изгледаш добро и здраво“, со цел - Грижа за здравјето на учениците, преку превенција од појава на телесни деформитети. Тоа предизвикува  негативните ефекти со неправилно седење во училишните клупи, повеќе часовно седење пред компјутерите, недоволни физички активности во слободното време, вродена здравствена состојба и санирање.

Преку овој проект треба да се ублажат  веќе дијагностицираните деформитети кај учениците, утврдени при редовните систематски прегледи – велат од  ПОУ Маца Овчарова. Кампањата е  реализирана во соработка со ЈЗУ„Здравствен дом“-Велес. Екипа  од Школска превентива извршила систематски преглед на сите ученици од 1- 8 одд. со дијагностицирање на ученици кои имаат неправилно држење на телото и појава на разни видови на телесни деформитети.

Од статистичката обработка на резултатите и изготвената анализа, 64% од учениците имаат неправилно држење на телото и одредени телесни деформитети. За ова   се известени родителите на учениците со дијагностицирани телесни деформитети со  препораките за натамошна постапка - упатување на субспецијалистички прегледи на физијатриско и ортопедско одделение во Општа болница-Велес.  На почетокот на наредната учебна година,  ќе се дознаат резултатите за здравствената состојба на учениците кои користеа ортопедски помагала.

„Секоја промена што води кон подобрување на здравствената состојба на нашите ученици, за нас , вработените, претставува една голема морална сатисфакција затоа што сме помогнале, не само на детето туку  и на неговото семејство“ – вели психолог Соња Гаврлиова, која заедно со  дефектологот Тања Попова ја спроведоа оваа кампања во ПОУ Маца Овчарова.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »