Петар Печков
Објавено: среда, 07 јуни 2023
Државна лотарија, денес го пласираше новиот инстант лоз „7 х 7“ со примамлива понуда од два вида возила од категоријата СУВ: 7 возила HYNDAI Tucson и 7 возила HYNDAI Bayon.
Имено, по истражувања меѓу учесници во игрите на среќа, спроведени на продажните места на Државна лотарија, љубителите на инстант лотаријата се изјаснија дека очекуваат токму ваков вид премии.
Како одговор на барањата на играчите, инстант лозот „7 х 7“ стана најнов член на семејството на инстант лотаријата на Државна лотарија. Лозот нуди вкупен фонд на добивки од близу 80 000 000 денари, вклучувајќи 14 премии од коишто: 7 возила HYNDAI Tucson и 7 возила HYNDAI Bayon, како и парични добивки од 80 денари до 50 000 денари.
Со забавно и лесно откривање на три исти симболи или износи, учесниците во оваа игра на среќа ќе ги бараат своите добивки во полето за игра на атрактивниот инстант лоз, а 14 од нив ќе станат сопственици на комфорни возила од категоријата СУВ, коишто ќе го пленат вниманието и на сите кои досега посакувале да возат или да подарат ваков тип на возило.
Инстант лозот има и атрактивна кампања којашто поттикнува да се замислиме над балансот меѓу своите очекувања и својата вистинска верба во среќата. Потрагата по среќната ѕвезда и нејзиното пронаоѓање е метафора дека среќата може да ја најде секој којшто верува во неа.
Со ова ве покануваме, да не ги одминувате среќните места на Државна лотарија, да го побарате новиот лоз „7 х 7“ којшто може да ви донесе еден од 14-те автомобили.
Воедно, ве поттикнуваме да подарите можност за СРЕЌА ПЛУС и во вашите планови за подарување да го вклучите и инстант лозот „7 х 7“, со којшто може покрај возбуда и забава, да подарите возило или вредна парична добивка. Инстант лозот, може да е вашиот перфектен подарок.
ПР текст
Tweet |