речник контакт

„Hello“ - магазин за ЛГБТ

Денес излегува првиот број на “Hello“, првиот магазин за ЛГБТ популацијата-лезбејки, геј, бисексуалци и транссексуалци во Македонија.

Аница Солева

Денес излегува првиот број на “Hello“, првиот магазин за ЛГБТ популацијата-лезбејки, геј, бисексуалци и транссексуалци во Македонија. Идејата на магазинот е да информира, едуцира и забавува со информации кои се поврзани со секојдневниот живот на ЛГБТ популацијата во Македонија, регионот и светот. Магазинот “Hello“ ќе излегува еднаш месечно, во две изданија, на македонски и на албански јазик. Бидејки станува збор за пилот-проект, првите 12 броеви на магазинот ќе бидат бесплатни. Ќе се дистрибуира низ целава земја и Косово. Во план е тој да биде присутен и во соседна Албанија. Интересен е податокот дека “Hello“ ќе биде единствениот магазин од ваков тип во регионот. Магазинот има 32 страни, колор, А4 формат. Ќе биде печатен во 500 примероци. “Hello“ е проект на Центарот за граѓански и човекови права. Проектот е спонзориран од “Улоф Палме Интернешенел Центер“. Извор: [url=www.makfax.com.mk/look/agencija/article.tpl?IdLanguage=10&IdPublication=1&NrIssue=400&NrSection=600&NrArticle=18318]Макфакс[/url]

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »