речник контакт

„Ѕвездите пеат за живот, за иднина, за Велес“

Преку две илјади велешани повеќе од два часа се забавуваа и пееја со ѕвездите на македонската поп и фолк сцена на концертот посветен на 5-ти јуни светскиот ден на заштита на животната средина.

Петар Печков

Тие на овој начин потсетија на еколошката катастрофа која на градот му се случуваше со години, но и на потребата за лекување на децата од градот. Концертот беше насловен „Ѕвездите пеат за живот, за иднина, за Велес“, а го организираа повеќе невладини организации од Велес и од земјава, како и Општина Велес. Музичкиот хепенинг се одржи во спортската сала „25 Мај“, и се собраа околу 150 илјади денари. Средствата се наменети за потребите на болните деца од Велес кои се разболеле како последица од децениското загадување на градот. На концертот настапија Дарио, Александар Митревски, Врчак, Мартина, Виолета Томовска, Блага Петреска, Мартин Коцев, Јасмина Мукаетова. Концертот финансиски го помогнаа Жито маркети, АД Жито Вардар и МИ Брако.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »