Аница Солева
Објавено: среда, 19 април 2006
На албумот има девет песни снимени на македонски, од кои последната е српска верзија на песната „Лесно ко два и два“. Музички продуцент на песните е Јован Јованов. Ноне најави дека наскоро ќе сними дует со Бојан Маровиќ, на песна на Јован Јованов. - Многу сум задоволна од албумот. Сите песни ми се посебни и немам фаворит. Албумот го снимивме за два-три месеци и се надевам дека ќе им се допадне на моите обожаватели - изјави Ноне. Ноне го промовира и видеоспотот за насловната нумера „Јас или таа“, кој го изработи екипата на „Арт хоус студио“, во режија на Горан Хаџи Димов-Гурко. - Ретко се случува овде некој за неполни шест месеци да сними албум. Дури и на Тоше тоа му се случи подоцна, но неблагодарно е да правиме споредби - изјави Антонио Димитриевски од продуцентската куќа „Премиер“. (Е.Т.) Извор: [url=http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=41D1E2829CFEDE4F9D1AF3C2E825F25B]Дневник[/url]
Tweet |