Петар Печков
Објавено: четврток, 19 август 2021
Сите најавени содржини, до крајот на месец август, во рамките на манифестација „Велешко лето 2021“ се откажани .Ова го соопшти организаторот Општина Велес.
„Поради актуелната состојба со Ковид-19 и ново донесените мерки и протоколи за заштита и ширење на вирусот од страна на Комисијата за заразни болести при Владата, сите настани кои се дел од „Велешко лето” 2021, времено се одложуваат“ - соопштија од локалната власт.
Со програмата беа предвидени седум концерти и две изложби. Исто така се одложуваат традиционалниот „Турнир во мал фудбал” и 17-тото издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес” 2021,
Сите одложени настани и манифестации од Општина Велес најавуваат дека ќе се организираат „во период до крајот на годината кога ќе бидат создадени услови, во формат, соодветен на условите“.
Tweet |