речник контакт

„Вози одговорно“ и „Не заборавајте сите сме пешаци“ - едукација на велешката полиција

На пешаците како учесници во сообраќајот им била потенцирана обврската да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да бидат внимателни при преминувањето на улица

Петар Печков

Oд страна на Отсекот за превенција, заедно со полициските службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес, била  реализирани сообраќајни едукативно-превентивни активности, насочени кон возачите и пешаците.

Под мотото „Вози одговорно“ и „Не заборавајте сите сме пешаци - бидете одговорни во сообраќајот“, со цел да им се укаже на сите учесници во сообраќајот за обврската и потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи. 
 

„На возачите им беше укажано дека се должни внимателно да управуваат со своите возила, да ја прилагодат брзината на движење, да не возат под дејство на алкохол, да користат сигурносен појас, да не употребуваат мобилен телефон и уште низа совети што треба да влијаат за подигнување на јавната свест за зголемување на безбедноста во сообраќајот и унапредување на сообраќајната култура. Исто така, на пешаците како учесници во сообраќајот им беше потенцирана обврската да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да бидат внимателни при преминувањето на улица, за да се зголеми како нивната така и безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот“ - соопштија од МВР.

Во рамки на активноста, беше поделен и печатен едукативен материјал со совети за поголема безбедност во сообраќајот, изработен од страна на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »