речник контакт

„Говорот на кралот“ со најмногу Оскари

По 83-ти пат во Лос Анѓелес, доделни наградите за надобрите филмски остварувања

Петар Печков

Британскиот филм „Говорот на кралот“ е убедлив победник на овогодинешната свеченост на доделувањето на Оскарите, која во Холивуд по 83. пат ја организира американската Филмска академија.

„Говорот на кралот“ доби Оскари за најдобар филм, за најдобар режисер, за што е одговорен Том Хупер, за оригинално сценарио, кое го напиша Дејвид Сајтлер, додека актерот Колин Фирт, кој го толкуваше ликот на Џорџ Шестти доби Оскар за најдобра машка улога.

За најдобра женска улога со Оскар е наградена актерката Натали Портман за улогата на балерина во психолошкиот трилер „Црниот лебед“.

Оскар за најдобра споредна машка улога доби Кристофер Бејл, а за женска Мелиса Лио, двајцата во филмот „Боксер“.

За најдобар филм од неанглиско говорно подрачје е прогласен данскиот „Во подобар свет“

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »