речник контакт

„Денот на дрвото“ и во Велес

Повеќе од два милиони садници, или колку што има Македонија жители, ќе бидат засадени на 12-ти март во земјава.

Петар Печков

Повеќе од два милиони садници, или колку што има Македонија жители, ќе бидат засадени на 12-ти март во земјава. Оваа акција „Денот на дрвото“ е општо прифатена а ја иницираа група граѓани предводени од оперскиот пејач Борис Трајанов и Бубо Каров.Тој претстојуваше во Велес во рамките на кампањата во која ги повика велешани масовно да се приклучат на овој ден, за нивна подобра иднина.

- Велес беше и турски и српски и бугарски и Титов, ама Велес е на велешани. Затоа дојдете да се приклучите на акцијата „Денот на дрвото“ бидејќи на овој град му е потребна шума. Кога бев дете за мене Велес беше главниот град на Македонија, бидејќи кога татко ми и мајка ми ме носеа во На-Ма на купување, беше поубаво отколку кога јас сега децата ги носам на шопинг во Солун - рече Бубо Каров и ги повика масовно велешани на зазеленување на околината на градот.

\"\"

Овој ден 12-ти март, среда е прогласен за неработен и на овој начин организаторот ќе се обиде да го собори Гинисовиот рекорд на посадување дрвца, повеќе од два милиони, во еден ден.

Акцијата е поддржана од Владата, која ги подари сите дрвца, а според организаторите, подоцна се јавиле и голем број бизнисмени, така што се очекува дека ќе има повеќе од потебниот број на садници. Сеуште не определена локацијата каде дрвјата ќе се засадуваат во велешко.

\"\"

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »