речник контакт

„Добрите“ навики на велешани

За навиките на велешани најдобра илустрација е оваа фотографија.

Петар Печков

За навиките на велешани најдобра илустрација е оваа фотографија.

Тука до неодамна имаше железни плочи, кои беа поставени пред 30-тина години, и служеа како реклама на велешки фирми (додуша, поголем дел од нив денес и непостојат) но и да се сокриваа погледите од минувачите кон капачите на градскиот базен.

Пред извесно време тие преку ноќ исчезнаа, или ако сакате некој ги украл.

Чудно со оглед дека тука е фрекфентен пат и постојано има автомобили. Но факт е дека крадецот добро се омрсил бидејќи имаше преку 30 плочи доста тешки, така што во некој од складовите добро е платено за нив.

Но тука не завршува навикатата на велешани.

Со собирањето на новогодишните елки се констатира дека од петте елки поставени на исто толку локации се украдени 700 ламбички, кои поради специфичноста не можат да се употребат на друго место.

\"\"

Поради кражбите локалната власт морала да мести пред Нова година нови светилки за да елките заличат на елки. Светилките се крадени до каде деца можат да досегнат со рака а единствено нема украдено ниту една лампа од елките кои беа кај Пошта и кај ЗОИЛ Македонија, најверојатно поради фрекфентната положба, додека другите три беа оголени.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »