речник контакт

„Златен стрип“ за „Убавецот Драгче“ на Сабахудин Мурановиќ од БиХ на 18-тиот Стрип салон

На конкурсот биле пријавени 161 стрип од триесетина држави

Петар Печков

Стрипот „Убавецот Драгче“  на Сабахудин Мурановиќ од БиХ  е победник на 18-тиот Меѓународен стрип салон, кој го организираше Стрип центарот на Македонија, со седиште во Велес. Тој е добитник на „Златен стрип“  како и парична награда.  На конкурсот биле  пријавени 161 стрип од триесетина  држави.

Второто место го поделија Дамир Чиврак (сценарио) ,Жељко Иванчиќ(цртеж), Ненад Бариниќ(колор) за стрипот „Имигранти“  и Дарко Богданов и Александар Стеванов за стрипот „ Балада за мојот непријател“  додека третото награда  ја освои    Даша Конопатова  од Русија за „Боите на Брисел“ и  авторите Предраг Ѓуриќ (сценарио )и Звонимир Видиќ (цртеж) за стрипот „Штајнеров крај“.  

Истовремено во Велес се одржа и трета меѓународна  стрип колонија на која учествуваа млади стрип автори. Тие работеа во куќата на Касапови.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »