Петар Печков
Објавено: четврток, 22 јуни 2023
Две филмски премиери наредните седум дена на репертоарот на велешкиот 3Д киноверзум.
„Кандахар“ со Жерард Батлер, американски трилер. Оперативец на ЦИА и неговиот преведувач бегаат од специјалните сили во Авганистан откако се разоткриени во тајна мисија. Треба да минат 650 км треба да се минат за 30 часа, во трката да се преживее. Ќе се прикаже секој ден освен понеделник и среда.
Втората премиера е „Девојка за се“ комедија со Џенифер Лоренс. Доставувачка на храна е очајна за пари и ќе направи сѐ за да ги добие. Овој пат, таа ќе се пријави на оглас поставен од богати родители кои ќе бараат девојка за нивниот чуден и затворен син. Ќе се прикаже секој ден освен петок.
Филмот „Флеш“ ќе се прикажува петок и понеделник, исто така американска авантура со Езра Милер, Бен Афлек и Мајкл Китон. Бери Ален ја користи својата брзина да го смени минатото, но неговиот обид да го спаси семејството, создава свет без суперхерои, а притоа Бери мора да се трка за живот и да ја спаси иднината.
Цртаниот филм „Елементал“ дело на студиото на Волт Дизни. Филмот ги следи Ембер и Вејд - необичен пар од градот каде сите елементи – оган , вода, воздух и копно живеат заедно. Огнената млада девојка и лабавото момче ќе откријат колку многу тие имаат взаемно. Ќе се прикажува сабота, недела и среда.
Tweet |