речник контакт

„Кралските копилиња“ премиерно во велешки театар

Премиерата е закажана за вторник 27 март на Светскиот ден на театарот

Петар Печков

Велешкиот театар  премиерно ќе ја изведе претставата „Кралските копилиња“ авторски проект на Сашо Димоски. Таа е закажана за 27-ми март, со што велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, ќе го одбележи Светскиот ден на театарот.  Овае праизведба на текстот на Димоски, кој се јавува и како режисер заедно со  актерот Зафирчев,  го дефинира како   театар на телото во епски слики, работен според пост-тројанскиот митски циклус сместен во кралската куќа Арг.

Кралските копилиња“ е приказна за боголуѓето која се случува непосредно по завршувањето на војната за Троја. Претстава за неможноста траумата да биде избришана како цивилизациско наследство и за кругот преку кој таа траума комуницира со секое време и простор - објаснува Димоски. 

Во претставата настапуваат актерите Васил Зафирчев како Агамемнон, Кети Борисовска како Клитемнестра, Талија Настова како Електра, Жарко Спасовски како Орест, Марија Стефановска како Ифигенија, Фаик Мефаилоски како Егист и Маја Љутков како Касандра.

Автор на текстот, режисер и автор на аудио-визуелниот концепт на претставата е Сашо Димоски, режијата на сценското движење е на Васил Зафирчев, видео-дизајнот и анимациите се на Данчо Стефков и Крсте Шупев, сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Катерина Чукниева, музички соработник е Сашко Костов, а автор на дигиталните скулптури и плакатот е Адам Мартинакис.

„Кралските копилиња“ е прва премиера на велешкиот театар за 2018 година и истата е  реализирана  од сопствени средства. Поради спецификата на поставката, таа ќе се игра пред ограничен број публика, половина сала и балкон. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »