речник контакт

„Масив атак“ доаѓаат во Скопје

Легендарните „Масив атак“, британска и светска музичка атракција, по неколку неуспешни обиди за нивно гостување, конечно доаѓаат во Скопје.

Никола Солев

Легендарните „Масив атак“, британска и светска музичка атракција, по неколку неуспешни обиди за нивно гостување, конечно доаѓаат во Скопје. Ќе настапат на 11 јуни на Скопското лизгалиште, како главни ѕвезди на 5-тото издание на фестивалот „Оф фест“ што го организира Скопскиот џез фестивал. „Оф фест“ ќе се одржи од 7 до 11 јуни. „Масив атак“ во моментов е најголемото, но и најскапото актуелно музичко име кое што гостувало во Скопје во досегашната концертна историја. Групата е формирана во 1987 година во Бристол. Се сметаат за пионери на т.н. трип хоп звук, отварајќи им го патот на голем број групи со слична стилска определба како „Портисхед“ или „Трики“. Досега имаат издадено 4 студиски албуми кои со својата иновативност извршија значајно влијание на светската музичка сцена. Во својата 20 годишна кариера „Масив атак“ соработувале со голем број ѕвезди на популарната музика. Овој месец излезе нивната компилација на најдобрите композиции „Колектид“. Настапот во Скопје е дел од нивната европска промотивна турнеја. Според организаторите, Скопскиот џез фестивал и Литиум рекордс, пордажбатa на билетите ќе започне од 10 мај. Извор:

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »