речник контакт

„Матуранти“ на секое дрво

Добро бе, каде го има ова, освен во нашиве провинции??? Се спуштам откај поштата надолу и го гледам дрворедот до фонтана како е накитен со плакати за покојните Менка, Лиљана, Ружа, Атанас, Јован, Ацо...

Зоран Николов

Добро бе, каде го има ова, освен во нашиве провинции??? Се спуштам откај поштата надолу и го гледам дрворедот до фонтана како е накитен со плакати за покојните Менка, Лиљана, Ружа, Атанас, Јован, Ацо... Некако овие плакати станаа симбол на препознатливост за нашите ретки дрвца по градов, а по нив се ѕверат стално некои белоглави подгрбавени старчиња со рацете зад грб и погледнуваат на саатот небаре чекаат да им дојде судниот час... Абе божем се направија столбови за лепешкиве, ама џабе е, има само испокинати пластови плакати, исполепени една врз друга. Се поставува прашањето, зошто не се објавува некоја радосна вест за нов живот, за некоја семејна веселба??? Вака, некој од страна ќе не сожалува и ќе ни рече дека сме град во изумирање (што воопшто нема да згреши). А дали се сеќавате порано кога некој ќе умреше во тунелот, како се правеше поворка по главната улица, пешадија до црква со венците и закочување на сообраќајот? Прашање: Што мислите за овие провинцијалски глупи адети? ЖАЛНА ВЕСТ: Со тага во очите и радост за наследството, на ден петок 13ти почина Крсто Оџачарот на 97 години, по тој повод ги повикуваме сите познати и непознати на скромен погреб и богата вечера во Сината сала. Ракијата е гага.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »