речник контакт

„Нано“ најевтиниот автомобил во светот

Индиски Тата моторс го претстави најевтиниот автомобил во светот

lj lkjl

Индиски Тата моторс го претстави најевтиниот автомобил во светот, „Нано“, чија пазарна цена изнесува 1.750 евра.

Мал, но сепак функционален. Главна карактеристика на „Нано“, чие име потекнува од технологијата која манипулира со димензиите на молекулите и атомите, е ниската цена.

За малку пари, добивате симпатично дизајниран автомобил, со мотор од 625 кубици и 33 коњски сили (мотор, кој ја задоволува нормата „евро 4“ стандарди за емисија на штетни гасови) кој се наоѓа во задниот дел на автомобилот, доволен за пренесување на четири патници, и багаж само за еден куфер. Ниската цена, сепак значи дека сепак ги нема препознатливите елементи на модерните автомобили, како што се електрично отворање на прозорите (на копче), нема клима и серво волан.

Целта на Тата, чие име се повеќе се врзува со купување на познатите автомобилски брендови „Јагуар“ и „Лендровер“ е создавање на „народен автомобил“. Односно наменет е за Индијците, чиј пораст на стандардот ќе овозможи фамилијарните скутери да ги заменат со автомобил.

\"\"


Иако компанијата го има предвид и пазарот на другите земји во развој, „нано“ во првите неколку години ќе може да се најде само на пазарот на Индија.

Индија се смета за најперспективен пазар во светот, особено ако се земе предвид дека само осум на секој илјада жители имаат автомобил. Засега, главно фамилијарно средство за транспорт се „Веспите“, чија продажба се движи околу седум милиони годишно.

Иако според изгледот и опременоста, може би потсетува на „старите верзии на „Спачек“ или „Буба“, „Нано“ ги исполнува сите модерни стандарди на безбедност (ако се тргне настрана дека нема воздушни перничиња). Според најавите, троши пет литра на 100 километри, а максималната брзина е околу 120 километри на час.

\"\"


Со ова Тата се најде пред големите светски марки, кои веќе фрлија око на индискиот пазар, а за каде планираа да лансираат евтини автомобили. Сега, начинот на кој Тата успеа да ги намали трошоците ќе бидат предмет на анализи на големите светски компании како што се Шкода, Фијат, Форд, Хонда и Тојота.

Една од новините е и начинот на дистрибуција. Според првичните најави сервисите ќе го добиваат „Нано“ во делови, и самите ќе го склопуваат. Сепак главен фактор кој ја овозможува оваа ниска цена е евтината работна сила, која изнесува 1,20 долари на час.


\"\"
\"\"

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »