Петар Печков
Објавено: сабота, 12 март 2016
Компактот од Руселсхајм – „опел астра“ освои 309 поени, односно само 15 повеќе од „волво XC90“ (294). На третата позиција се пласира „мaздa MX-5“ (со 202 освоени поени), a потоа следат „ауди A4“ (189 поени), „јaгуар XE“ (163 ), „шкода суперб“ (147 ) и „БMВ серија 7“ (143).
Така гласаше жирито составено од 58 члена, специјализирани новинари за автомобилизам до 22 земји од Европа. Инаку, компактната „опел астра“ дебитираше минатата година на салонот за автомобили во Франкфурт .
Петтата генерација на популарниот автомобил од Руселсхајм направи голем исчекор во однос на својот претходник во однос на сите аспекти. Новата „астра“ освојува со својот атрактивен дизајн, со намалувањето на масата за 200 кг, a ентериерот е опремен со поквалитетни материјали и понапредна технологија во согласност со потребите на денешните возачи.
Tweet |