Петар Печков
Објавено: недела, 09 јули 2006
Од вчера (сабота) до 20-ти јули во селото Папрадиште се одржува втората сликарско-копаничарска колонија „Папрадиште 2006“. Петнаесет автори десетина дена на падините на Јакупица и во подножјето на Солунска глава ќе творат сликарски и копаничарски дела, кои велешката јавност ќе ги види наесен, на денот на Општината 9-ти Ноември. На колонијата учествуваат автори од четири земји: Бугарија, Србија, Англија и Македонија. Ликовните уметници ќе изработат по три дела од кои две остануваат за организаторот, додека копаничарите работат едно дело наменето за колонијата. Нејзин организатор е Општина Велес и се одржува во рамките на манифестацијата „100 дена велешко културно лето“.
Tweet |