речник контакт

„Преселба“ на образовните и културни институции во Велес

Со одлука на Советот на општина Велес се изврши пренамена на три објекти во кои ќе се изведува настава за основно и високо образование како и...

Петар Печков

Со одлука на Советот на општина Велес се изврши пренамена на три објекти во кои ќе се изведува настава за основно и високо образование како и простор каде ќе работи Градската библиотека.

Општинските советници решија учениците од ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот од есен настава да посетуваат во зградата на ОУ Благој Кирков со тоа што и двете училишта ќе го задржат правниот статус.

Новина е што сега и учениците од Џинот ќе имаат конечно можност да користат  спортска сала, бидејќи тие единствени во градот физичко воспитување одржуваа на отворено. Во нивната пак училишна зграда ќе се доселат 360-те студенти од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, кои дисперзираната настава ја следат во Велес.

Во Пионерскиот дом Ѓоре Органџиев, каде досега две години се одржуваше наставата за студентите, со одлуката на советниците ќе се вдоми Градската библиотека Гоце Делчев.

Оваа „преселба“ на образовните и културни институции од градот според советниците е со цел создавање на оптимални технички и просторни услови за настава на учениците и студентите, како и услови за чување на книжниот фонд, според нормативите за работа на библиотеката.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »