Петар Печков
Објавено: недела, 04 јануари 2009
Секое утро, без оглед дали е работен ден или ден за одмор жителите на Славишко поле ги будат повеќе од илјада петли, жители на Репро центарот. Тој е единствен во Македонија, се наоѓа на падините од планините Руен и Лисец, во близина на селото Ранковце, кривопаланечко.
Центарот е редок пример на светски поставена работа во македонски услови. Репортерот на „Дневник“ имаше еклузивна можност да го посети и бидејќи домаќините велат таму е реткост некој од надвор да влезе во работните простории, а дури и раководителите влегуваат еднаш годишно или на две години. Центарот има околу 35 хектари површина, се состои од две целини кои меѓу себе се оддалечени стотина метри. Раководител на матичното јато е Славица Ристова. Таа објаснува дека матичното јато се носи од Франција со авион и кога доаѓа е старо само еден ден.
- Во овие простории ги одгледуваме 72 недели, носат јајца од 18 недела и се до 24-тата се конзумни, потоа се за ведење. Кога ќе заврши процесот по година и половина, следното матично јато се вдомува во нови простории, додека овие шест месеци се чистат, обновуваат, дезинфецираат. Имаме три целини со по три хангари - објаснува Ристова.
Впечатлива е сликата кога ќе се влезе во просторијата каде е живината, како во филмот „101 далатинец“ се е бело со по некоја црна точка. Бидејќи кокошките се бели а петлите црни, разбирливо е зошто се добива оваа слика.
На еден петел според прописите му следат 7 до 8 кокошки кои живеат во заедничко јато. Странец тука не просперира, додаваат домаќинките. Живината веднаш реагира на за нив странците во објектот, се вознемирува и кокодака а тоа влијае и на бројот на јајца кои се несат. Затоа освен вработените на други им забранет влез во објектите.
Во моментот кога бевме имаше околу 11 илјади кокошки и илјада и петстотини петли. Затоа е интересно кога наутро сите тие ќе започнат со кукурикање и будење кое се слуша надалеку во тивката долина.
Во објектите има иделна температура, чист возудх и мир. Далеку од патишта, населено место и секакво движење. Јајцата што се несат се носат со специјални возила, кој не користат бензин за да не се загадува околината ниту брмчат да не се ремети мирот. За кратко стигнуваат во инкубаторот. Таму одлика е чистотата, како во аптека.
- Пред да влезат јајцата се дезинфецираат, по што се сортираат по тежина или големина. Така сортирани влегуваат во прединкубатор каде престојуваат 18 дена на температура од 37,7 степени и влажност од 25,5 %. Тие се константни и автоматски се одржуваат, компјутерот регаира ако има промена И за десетинка. Внатре автоматски се врата со што сите страни од јајцето се изложуваат на температура и така се создаваат природни услови за изведување И испилување - вели Славко Костадиновски, раководтител на Репро центарот.
На деветнаесетиот ден се префрлаат во инкубатор, каде стојат три дена. Таму имаат вентилација, се сушат и испилени се носат во специјална просторија на селектирање. Во овој свет на живина само женските остануваат, за жал машките веднаш завршуваат со живот и се усмртуваат. Природата мошне интересно ги поставила работите, бидејќи спротивно на родителите, машките се светли наспроти црниот татко, додека женските се кафеави наспроти белите мајки.
Сортираните женски два пати се вакцинираат од марек и инфективен бронхит, по што се транспротираат на купувачите. Женските пилиња од овој центар служат само за несење јајца. И овде вработените се под посебен третман, мораат да бидат чисти, здрави, се дезинфецираат при влезот, користат заштитни маски. Прв услов при вработувањето е дома не смеат да чуваат никакви живини, ниту домашни љубимци, кучиња и мачиња. Костадиновски вели дека ова е превентива, бидејќи доколку се случи некоја бактерија да влезе тогаш целиот процес кој трае година и половина, е уништен а фирмата бележи загуби.
За тоа колку домаќинот вложува во овој единствен репро центар за живина во Македонија, говори и тоа што водата што ја користи е од посебни извориште, имаат сопствена трафостаница случајно да не снема струја, тој е сместен во шума и скоро незаабележлив.
Тивко како што дојдовме така и го напуштаме, со впечатокот дека сепак во Македонија има нешто со што може да се гордееме бидејќи е изработени по светски стандарди.
Домаќините велат „Светско а наше“. Репро центарот е дел од групацијата „Жито вардар“ од Велес кој со него работи од 1999 година.
тајна
Домаќините ни открија една тајна за јајцата со две жолчки. Велат дека тоа не е некоја мистерија, а ниту пак вакви јајца несат некои посебни кокошки. Ова било разултат на зголемената способност за несење во првите денови од плодноста, кога кокошките не можеле да стигнат да создадат лушпа, по што се случува во јајцата да има две жолчки. По неколку дена оваа појава изчезнува и кокошката може секоја жолчка да ја спакува во лушпа.

Tweet |