Петар Печков
Објавено: петок, 26 мај 2023
Вечерва во Ликовниот салон во Велес се отвори изложба на слики на ликовниот уметник Новица Трајковски од Скопје.
Тој се претстави со триесетина дела од циклусот на портрети „Спасителот", слики создадени во последните неколку години од неговото творештво. Насликани се во техниките масло на платно и акрил на платно, со теми од магичното и мистериозното.
„Делата се дел од колекцијата ликовите на Исус Христос, од стотината кои ги имам изработено. Едно е кога се гледаат една по една сликите во ателје а друго е вака коа се сите заедно, претставени на едно место“ - кажа авторот Трајковски.
„Сликите на Трајковски се исполнети со благородна таинственост, во раскошно изобилство на теолошки теми и содржини. Од секоја слика зрачи духовно и сакрално“ - рече Елица Николовска историчар на уметност.
Новица Трајковски е роден 1962 година, завршува Факултет за ликовни уметности во Скопје на отсек - сликарство во класата на професорите Димитар Кондовски и Родољуб Анастасов. Член е на ДЛУМ.
Tweet |