Аница Солева
Објавено: петок, 12 мај 2006
Сега сака да ја намали цената на меѓународниот импулс, што во бизнис стратегијата за оваа година значи само баланс за новото јунско поскапување во локалната мрежа. Каков е ставот на Владините претставници во Бордот на директори на „Телеком“? „Цените во локалниот сообраќај споредено со цените во регионот не се многу високи, земете ги Бугарија, Хрватска колку е таму месечната претплата ќе видите дека сме тука негде“, изјави Дејан Мицковиќ, претседател на Управниот одбор на „Телекoм“. Во пресрет на претстојната продажба на државните акции во компанијата кога Владата ќе остане без свои претставници во „Телекомот“, Мицковиќ е задоволен од она што досега го сработил. Претседателот на Управниот одбор на „Телеком“ за разлика од неговиот активен политички ангажман, во оваа функција ретко се појавува во јавноста. „Во овој период додека јас сум на таа позиција максимално успеавме да влијаеме бидејќи се работи за значајни социјални компоненти, се обидовме да издејствуваме одреден ребаланс на цените, да обезбедиме бенефиции за граѓаните посебно во меѓународниот сообраќај и интернетот“, вели Мицковиќ. Триста проценти покачени цени во локалната фиксна телефонија, злоупотреба на монополот. За многумина македонските претставници во „Телекомот“ се безгласни букви, декор во компанијата. Мицковиќ вели, малцински акционери сме толку можеме. Сега им претстои најверојатно последната мисија, да го спречат поскапувањето на локалниот импулс. Ако ја следат досегашната пракса тоа ќе значи нов удар по џебот на граѓаните. Извор: [url=www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=62544]А1[/url]
Tweet |