Петар Печков
Објавено: четврток, 23 мај 2024
По светската премиера на фестивалот во Кан, од денес, четврток започнува и кино прикажувањето на спектаклот„Фуриоза: сага за лудиот Макс“’. Во режија на Џорџ Милер, „Фуриоза“ е петтиот дел од постапокалиптичниот серијал за Лудиот Макс. Дејството се случува 15-20 години пред претходниот филм „Пат на бесот“, а Ања Тејлор-Џој ја игра помладата верзија на Фуриоза, која била киднапирана од своето родно село и пораснала со своите киднапери Дементус (Крис Хемсворт) и Имортан Џо (Лечи Халм).
Втора премиера е „Присила“ на Софија Копола. Филмот ја раскажува приказната за сопругата на кралот на рокенролот, Присила Присли, и нејзиниот живот покрај еден од најомилените американски уметници. Се заснова на мемоарите од 1985 година, Елвис и јас, напишани од Присила Присли и Сандра Хармон. Преку нејзините очи и сеќавања, Копола им открива на кинољубителите нова страна од проблематичниот брак на Прислиеви. Присила имала 14 години кога го запознала пејачот кој бил постар единаесет години. Кејли Спени ја глуми Присила, заедно со австралискиот актер Џејкоб Елорди, кој го толкува Елвис.
Светска премиера и во Велес има анимираниот „Гарфилд“. По неочекуваното повторно обединување со неговиот одамна изгубен татко, со бушавата улична мачка Вик, Гарфилд и неговиот кучешки пријател Оди се принудени од нивниот совршено разгален живот да му се придружат на Вик во урнебесен грабеж со големи влогови.
Tweet |