речник контакт

Ѓоко Танески победник на Скопје 2010 и ќе пее на Евросонг

Ѓоко Танески е победник на Скопскиот фестивал национален избор за песна на евровизија „Евросонг 2010“.

Петар Печков

Со вкупно освоени 22 поени,  Ѓоко Таневски  исполнувајќи ја нумерата „Јас ја имам силата“, чии автори се Кристијан Габровски и Дарко Тасевски, стана  десеттиот претставник на Македонија на евровизискиот фестивал што оваа година кон крајот на мај ќе се одржи во Осло, Норвешка. Танески, на сцената настапи со раперот Били Ѕвер, а со својата беспрекорна гитара ги придружуваше Дамјан Пејчиноски.

Второто место го освои Влатко Илиевски со песната „Среќа“.На третото место на националниот Евросонг се најде Маја Вукиќевиќ, која настапи со темата Фама,
Во драматичното финале на националниот Евросонг, Ѓоко Танески собра вкупно 22 поени – 12 од стручното жири и 10 од публиката (5.005 гласови), колку што собра и второпласираниот Влатко Илиевски (10 од жирито и 12 од публиката - 7877 поени), кој настапи со темата Среќа.

Според правилата на Македонската Радио Телевизија, во вакви ситуации победникот е оној кој ја имаше наклонетоста на стручното жири. А, синоќа во жири членуваа: Авни Ќаили (текстописец и шоумен), Наум Петрески (пејач на народна музика), Дарко Гелев – Брејк (прв човек на Сити радио, Џангл ТВ и познат поп-изведувач), Сашо Гигов – Гиш (поет и музичар), Александар Џамбазов (композитор) и Саша Николовски – Ѓумар (професор и диригент). 

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »