речник контакт

ЈКП Дервен воведува ,,паметни,, водомери

Велешкото ЈКП „Дервен“ започна со инсталирање на т.н. ,,паметни,, водомери бидејќи тие се на далечинско читање, без влегување во домовите на корисниците.Доколку проектот покаже успешни резултати, годинава бесплатно ќе се изврши замена на две илјади водомери во градот

Петар Печков

 Во првата пробна фаза таа  се реализира на дел од водоводната мрежа и во зависност од постигнатите резултати, ќе се одлучи дали ќе се примени на територијата на  целиот град. Проектот опфата три фази а деновиве започна првата, замената на механизмот  е бесплатна.

Системот за далечинско читање на потрошувачката на вода,  работи со помош на GPRS систем, односно безжичен радио - систем. Во првата фаза 130 водомери пробно се поставуваат во Нова населба на   улиците Лазо Осмаков, Пајак Планина, Мирка Гинова, Осма Велешка Бригада и Костурска. Работните активности од првата фаза на пилот проектот вклучуваат демонтажа на постојните и замена со механизми приспособени за далечинско читање.  Зависно од  постигнатите резултати ќе се премине на понатамошна изведба на проектот и кај останатите реони од градската водоводна мрежа – вели Тодорка Пенкова Андреевска, портпарол на ЈКП „Дервен“.

Целта е во иднина сите потрошувачи во градот, да се префрлат на новиот систем на читање, преку кој овозможува навремено да се реагира доколку се појави дефект. Во втората фаза од проектот ќе се инсталира модулот со читач и радиопредавател кој за секој корисник ќе има идентификациски податоци, додека во третата фаза ќе се изработи проценка на примената од новиот систем. Голем  е бројот на придобивки од примената на овие, таканаречени „паметни“ водомери.

Една од предностите на примената на механизмите за водомери со далечинско читање е во тоа што инкасантите  ќе можат за само неколку минути, од далечина, да измерат состојба на водомерите кај цела станбена зграда. Со воведувањето на овој систем се овозможува  читање на сметките секој месец, а не како досега, трипати во годината.Доколку проектот покаже успешни резултати, ЈКП „Дервен“ годинава бесплатно ќе изврши замена на  две илјади водомери во градот. Исто така, со овие водомери се штити приватноста на корисниците, заради тоа што нема да има потреба да  се влегува во становите и таму да ја утврдуваат состојбата со потрошената вода. Уште една предност е тоа што во случај на оштетена инсталација овие механизми веднаш  даваат сигнал, по што ќе може да се алармираат корисниците дека нешто не е во ред со нивната куќна инсталација, со што ќе се намали непотребно потрошената количина на вода – вели Тодорка Пенкова Андреевска.

Во втората фаза од проектот на водомерите ќе се инсталира модулот со читач и радиопредавател кој за секој корисник ќе има идентификациски податоци. Тој  вклучува име и презиме на корисникот, адреса, број на шифра на водомер. Движејќи се по улицата, инкасантот во мини компјутерот ги добива сите податоци и состојби на корисниците кои се во опсег  на читачот.

Замената на постојните водомери со механизми за далечинско читање, би се завршиле за приближно 20 работни дена тоа е првата фаза од проектот, а инсталацијата на модулите и програмирањето, втората фаза од проектот, за приближно 16 работни дена и 5 дена  пробна работа. Првата фаза од пилот проектот ќе го чини ЈКП Дервен околу 120.000 денари. Од таму потсетуваат дека многу земји во ЕУ и надвор од неа се веќе вклучени во проекти со водомери со далечинско читање.

АНКЕТА »

Какви специјалистички здравствени услуги користите?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »