речник контакт

ЈКП Дервен започна да работи со загуба

Во првото тримесечие од оваа година, за прв пат по десет години успешна работа велешкото комунално претпријатие ,,Дервен,, забележа загуба.

Петар Печков

Таа за три месеци изнесува 3,4 милиони денари, што беше повод да се запали црвеното светло и се алармира дека состојбата во продолжение од годината може да биде и полоша. Раководството на јавното претпријатие ја посочи одлуката на Уставниот суд за враќање на цените на почетокот од годинава, на ниво од пред десетина години, како основна причина за ваквата лоша материјална состојба.  по спроведувањето на оваа одлука,  стигнаа предупредувања дека претпријатието ќе се соочи со финансиски проблеми, но од таму уверуваа дека имаат внатрешни резерви тоа да не се случи.

Проблемите со предизвиканата загуба од 3.418.370 денари произлегуваат од ниските цени на комуналните услуги за домаќинствата и претпријатијата. Тоа е резултат на укинувањето на Одлуката за цени од страна на Уставен суд од четврти јануари годинава. Поради тоа ЈКП „Дервен“ работи по цени од 1995 год. кога обемот на работа , обврските и трошоците за извршување на оваа услуга биле далеку помали и во тоа време обезбедувале некоја проста репродукција во работењето, иако денес имаме зголемен обем на работа.

Јавноста треба да знае дека ЈКП „Дервен“ и Општина – Велес се единствени, од шесте јавни претпријатија во земјава, што до сега редовно успеваа да го вратат кредитот од ЕБРД. Тој претставува голем товар во наредните шест години, бидејќи треба да се вратат уште единаесет рати кои изнесуваат од 22 – 26.милиони годишно – изјави Драган Дамјановски  финансов директор на ЈКП Дервен.

Анализирајќи ги финансиските резултати во работењето претпријатието во овој период тоа  работеше со отежната  ликвидност, исплатата на обврските се со поголемо задоцнување а вработените за прв пат по многу години не добија регрес за годишен одмор, популарниот К-15. Во овој период извршена е отплата на единаеста рата од кредитот по Проектот МЕАП од Европската Банка за Обнова и Развој во износ од 11.000.000 на 15-ти јануари а слична сума ќе треба да се плати во средината на јули.

Во овој период претпријатието почна да ги плаќа услугите за сирова вода, кон ЈП ,,Лисиче,, по  2,36 денари од кубен метар,што на годишно ниво изнесува околу 10 милиони денари, нови дополнителни давачки а од друга страна ако не се потврдат цените од 2009 година за ѓубрарина, претпријатието претпоставува би претрпело загуба во работењето во износ од околу 21 милион денари. Координаторот на советничката група на СДСМ, во локалниот совет,со барање за покачување на цената на водата.

Дервен е во загуба, единствен начин таа да се надмине е да се трошат акумулирани средства од претходно работење, неисплата на дополнителни обврски кон вработените, како што е сега К-15. Реално е и граѓаните на општина Велес треба да го знаат, дека во најскоро време доколку не се покачи цената на водата, Дервен ќе пропадне. Треба на јавноста отворено да и се каже, без да се залажува, тоа е можно само со покачување на цената на водата – изјави Дејан Гавазов од СДСМ.

Од  ВМРО-ДПМНЕ потсетија дека ѓубрарината пред две години била покачена со едно образолжение а во пракса се случиле партиски вработувања во ,,Дервен,,.

Тогашното покачување беше образложено со инвестициони зафати, кои во пракса не заживеаја. Напротив имаше конкурс со кој се вработија 52 лица. Дали покачувањето на водата кое сега  се бара, треба да ги покрие партиските вработувања од минатото – изјави Александар Колев од ВМРО ДПМНЕ.

Во последните неколку години во ова јавно претпријатие се вработија повеќе советници, градоначалници, како и нивни блиски од редовите на тогаш владеачката коалиција СДСМ-ЛДП. Лошите резултати УО на ЈКП Дервен  ги оправда и со отпишување на дел од  вкупните  судски побарувања во висина од 170 милиони денари. кои биле барани од тужени фирми а дел од нив биле во стечај и пропаднале.

Претпријатието изминатите години покажувало добивка,  меѓу другото и со побарувања кои требало да се отпишат. Овој период сме имале лажна добивка која е резултат на вакви побарувања од фирми, кои се во стечај или ликвидирани – изјави Елизабета Чуповска претседател на УО на ЈКП Дервен.

Отпишувањето од почетокот на годинава било побарано од страна на домашни и странски ревизори кои го анализирале работењето на Дервен. Раководството на ЈКП Дервен за излегување од ваквата состојба очекува разбирање и помош од советниците и  најавува набргу ќе го открие начинот на кој ќе се решава загубата.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »