Петар Печков
Објавено: петок, 01 јуни 2018
Од оваа сабота, според однапред подготвен распоред, граѓаните кои претходно од ЈКП Дервен имаат добиено жолти канти за смет, ќе можат да го отстрануваат селектираниот отпад - хартија, картон, пластика, лименки, стакло. Проектот е насловен три Р - редуцирај, реупотреби и рециклирај. Мотото е ,,КОГА СЕ МЕША, ТОА Е ЃУБРЕ! КОГА СЕ РЕЦИКЛИРА, ТОА Е РЕСУРС!
Навиките во постапувањето со отпадот што го создаваме мора да ги менуваме. Депониите се преполни со отпад кој има употребна вредност. Трупаме отпад и создаваме потенцијални жаришта на болести и инфекции кои може да ги пренесат стаорците, комарците, мувите и другите инсекти во нашите живеалишта. Затоа, крајно време е да започнеме да го применуваме концептот - велат од ЈКП Дервен.
Од таму објаснуваат дека најпрво се ОДВОЈУВАи РАЗДЕЛУВА отпадот на два дела:
- ХАРТИЈА, КАРТОН, ПЛАСТИКА, ЛИМЕНКИ, СТАКЛО (во жолта канта)
- ПРЕОСТАНАТ ОТПАД (во зелена канта)
Велешките комуналци потсетуваат да се почитуваат следните правила:
- Кантата со отпад треба да ја изнесувате во определеното време на денот на собирање на отпадот
- По празнењето кантата треба да ја вратите во сопствената дворна површина/објект. Сукцесивно секоја година локалната власт ќе дели жолти канти за смет за сите фамилии од градот. Досега се поделни околу 1,5 илјади жолти канти.
Почнувајќи од оваа сабота, 2-ри јуни ЈКП Дервен ќе врши собирање на отпадот од жолтите канти во терминот од 8 до 12 часот според следниот распоред за месец јуни.
РЕОН 1 (2 јуни, 16 јуни, 30 јуни): Партение Зографски, Костурска, Пајак Планина, Андреја Дамјанов, Белградска, Мите Богоевски, Наце Димов, Стефан Димитров, Павел Шатев, Св. Кирил и Методиј, Архиепископ Михаил, Киро Чауле, Мирка Гинева, Луј Пастер, Камка Тоцинова, Коле Неделковски.
РЕОН 2 (9 јуни, 23 јуни): Благој Ѓорев, Мицко Козар, Васил Главинов, Гемиџиска, Кумановска, Панко Брашнар, Оливер Китановски, АСНОМ, Васа Кошулчева, Крсте Мисирков, Тодор Христов Офицерчето.
Последователно:
РЕОН 1 – секоја прва и трета сабота во месецот
РЕОН 2 – секоја втора и четврта сабота во месецот
Tweet |