речник контакт

ЈКП Дервен за 10 секунди

Само десетина секунди им требаа на советниците на општина Велес едногласно да го изгласаат извештајот за работата на ЈКП Дервен во првите три месеци од 2009-тата.

Петар Печков

Само десетина секунди им требаа на советниците на општина Велес едногласно да го изгласаат извештајот за работата на ЈКП Дервен во првите три месеци од 2009-тата.

За петнаесет години од работата на Советот на Општина Велес не се помни дека овој извештај така брзо и едногласно е усвоен, бидејќи претходно на него се расправало со часови. Познавачите на состојбите посочуваат дека причина за ова е што периодот кој е разгледуван е време кога дојде до смена на раководството на претпријатието и тоа премина од СДСМ во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, па тешко советниците можеле да расправаат и фалат или критикуваат, кој е заслужен за сработеното. Така најлесно било без дискусија да се изгласа извештајот, партиите  задоволни а граѓаните кои плаќаат најскапа вода во земјава без дополнителни информации.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »