речник контакт

ЈКП Дервен набави две смукалки за лисја

Купени се со сопствени средства, во вредност од 270 илјади денари

Петар Печков

ЈКП Дервен деновие набави специјална машина за собирање на лисја, наменета за употреба по јавните зелени површини., Набавени се со цел поефективно собирање на паднатите лисја во есен.

Од ЈКП Дервен информираа дека се купени  две машини:  Самоодна смукалка за собирање на лисја и ситни отпадоци и  специјална машина за вшмукување на лисја. Првата е со вредност од  140.300  а втората 134.500 денари и двете  без ДДВ .

Производител  на смукалките е АГРИНОВА Италија. Додаваат дека се  купени  од сопствени средства. Заради управувањето со апаратите  била извршена  презентација за принципот на работа  со машините, од страна на лиценцираните дистрибутери.

АНКЕТА »

Дали треба и натаму летно и зимско сметање на времето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »