речник контакт

ЈКП Дервен набавува сонди за мерење на нивото на водат во резервоарите

Вредноста на набавката е околу 300.000 денари со што ќе се загарантира правилно и сигурно водоснабдување на граѓаните на Велес.

Петар Печков

ЈКП Дервен во наредниот период ќе набави 10 нивометри – сонди за потребите на РЕ Водовод и канализација, што претставува опрема за континуирано мерење на нивото на водата за пиење во резервоарите, препумпните станици и филтерските полиња.

Според информацијата од велешкиот водовод,  овие сонди-нивометри се потребни, како за мерење на нивото на водата во резервоарите и читање на вредностите на лице место, така и, со помош на трансмитери, вредностите за нивото на водата од секој водоснабдителен објект да се пренесе во центарот за мониторинг и командување со количините на  вода пласирани во ниската и високата водоснабдителна зона во градот.

Вредноста на оваа набавка е околу 300.000 денари, а примената на сондите-нивометри е уште еден чекор напред во модернизацијата на процесот на водоснабдување велата до ЈКЈП Дервен.  Така  вработените од РЕ Водовод ќе бидат во можност во било кој период од денот и ноќта да имаат прецизни податоци за нивото на водата во резервоарите, со што ќе се обезбеди сигурна проценка на количината на вода што е потребно да се пласира во дистрибутивната мрежа. Ова пак е неопходно да се постигне за да се загарантира правилно и сигурно водоснабдување на граѓаните на Велес.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »