речник контакт

Јагода Пачемска цветен моден креатор (фото)

Шеширите, букетите и единствените цветни фустани се дело на Јагода, за кои долго се зборува

Петар Печков

Велешанката Јагода Пачемска е единствената  Македонка, цветен моден креатор. За нејзините дела долго се зборува по модните настапи. Иако тоа е реткост, поради малкуте такви настани во земјава, цветните модни креации на Пачемска се тема на женските муабети.   И со право, бидејќи само таа преку цвеќето на женската облека дава нова содржина.  

Шеширите, букетите и единствените цветни фустани се дело на Јагода.  Тие се создадени од свежо цвеќе, поради што имаат краток век на користење. Неодамна таа се претстави на   Моден викенд посветен на венчаници  во Скопје, посветена на невестинските фустани.

На невестински фустани, се преставив со цветни аранжмани, со бидермаери. Бидејќи сега е период на мимозите, доминираше овој цвет,   ги искористив нивите жолти цветови.  Изработив цветни венчиња на главите, мартинки на рацете. На лице место според секој  моделот, се избираше бидермаерот. Венчаниците беа  во бела или шампањ боја, така што и одговара секоја друга. Бидермаерите беа од  сега актуелно цвеќе   - објасни Пачемска.

Додава дека  цветните венчиња се носат на свечености но и секојдневно, за секоја  пригода и младите девојки се повеќе ги прифаќаат.  Се изработуваат од ситни цветови,  потребно било да се отпорни на вода, да имаат трајност 24 часа.   Ова не беше нејзино прво учество на модните писти, таа има и претходни искуства, други појавувања во јавноста. Во септември, направи вистински бум, кога на Модната недела во Скопје модните манекенки, ги облече во свежо цвеќе. Остана  забележано, со креацијата на цветни фустани.

Тоа беше моја прва ревија. Како идеја го имав подолго време. Стапив во контакт со организаторите и иако веќе имаа концепт, по мојот предлог најдоа време и за мое претставување. Имав кратко  време за изработка, но беше премногу успешно. Изработив пет модели, за 16 часа. Изработката беше од кербер, ружи, орхидеи, каранфили, антуриум, стрелиции, многу цветови - додава Јагода.

Сите модели, цветовите биле поврзани со жица, манекенки биле заштитени и најважно и можеле  да се носат и слободна да се движат. Бидејќи  креациите биле изработени од свежо цвеќе, нивниот век бил краток, дел завршиле во излози од скопските  бутици. Трета нејзина  изработка, која остана запаметена беа шеширите од цвеќе, минатата година во април на коњските трки во Скопје. За публиката ова било изненадувачки, неочекувано,но силно впечатливо.   

Таа ревија имаше хуманитарна цел, со шешири од цвеќе. Имав и еден фустан од свежо цвеќе. Сите нив ги изработив за 15 часови, кај мене не се работи со денови. Важна е идејата, јас ја имам. Иако едно мислам, низ изработката ќе излезе нешто друго, во моментот одлучувам како ќе изгледа. Тоа е креативноста - вели Пачемска.  

Таа  се пронашла во оваа работа и ја исполнува и  вели ,,живот ми значи,,. Пачемска  сопственик на цветното студио ,,ФА-БУ,, во Велес а најголеми нејзини потрошувачи се скопјаните. Така пред две години за доаѓањето на Новата изработила единствена елка од илјада и една  свежа роза, по барање на муштерија од Скопје. 

 Модниот креатор кој работи со цвеќе, Пачемска  посочи за ставот кој повеќето жени го имаат, но никако да го срушат, разбијат.

Повеќето од  жените имаат фустан,  парче облека, кој го платиле скапо а го облекле само еднаш во животот, повторно не.  Го набавиле за некоја посебна пригода. И стои така дома, неискористен. Затоа не можам да го разберам ставот, дека сакаат да носат фустан од цвеќе за некоја  пригода, но  се жалат дека  рокот на користење  е краток и дека нема да биде искористен. А колку работи дома имаат неискористени - праша Јагода.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »