речник контакт

Јајца за извоз нема, за да ги има по дома

Велешки Жито Вардар го запре извозот на јајца во соседните држави, со цел да не се случи недостиг на овој продукт на македонскиот пазар до големиот верски празник Велигден.

Петар Печков

Велешки Жито Вардар го запре  извозот на јајца во соседните држави, со цел да не се случи недостиг на   овој продукт на македонскиот пазар до големиот верски празник Велигден.  За период од месец и половина најголемиот македонски производител на конзумни јајца реши да го задоволува барањата исклучиво  на овдешните потрошувачи.

-До Велигден нема да извезуваме јајца, бидејќи нема да имаме доволно за нашиот пазар. Ако јајцата ги извеземе, ќе се јави недостиг  на домашниот пазар. Тогаш  трговците ќе ги покачат цените, ние производителите нема да ќариме  апторошувачите ќе реагираат - изјави Ристо Ташев директор на „Жито Вардар“. Оваа компанија целосно ја покрива домашна побарувачка на конзумни јајца а извезува во Албанија, Косово и дел од Србија.  Компанијата од пред некој ден  го сопре извозот за да ја задржи домашната цена стабилна.  Годинава се случи и православен и католички Велигден да бидат на ист ден, 4-ти април, што ќе влијаа на зголемета потрошувачка на јајца во Европа а со тоа и   во регионот. 

Жито Вардар и лани го стопираше извозот на јајца во пред Велигденскиот период, што резултираше со стабилна  состојба и цена  на македонскиот пазар. Но затоа во претходните години, кога тие се извезуваа во истиот период,  јајцата во Македонија знаеја да стигнат и до 10 денари за парче, екстра приход кој одеше во џебовите на трговците.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »