речник контакт

Јубилејниот 25-ти Рок-фест

Јубилејното, 25-то издание на најстарата организирана рокенрол манифестација Рок-фест годинава ќе се одржи во Младинскиот културен центар во Скопје.

Аница Солева

По неколкугодишното отстапување од МКЦ, тимот на Рок-фест, кој годинава е во соработка и со Баги мјузик, успеа да најде заеднички јазик со новите луѓе од МКЦ и повторно да го врати фестивалот во ова култно место, каде што се одржуваше повеќе од десет години. Иако првично беа одредени и најавени, поради едномесечното затворањето на Дансинг-салата од страна на инспекциските служби (просторот не бил погоден за концерти без седишта во партерот?!), конечно се потврдени датумите на одржувањето на манифестацијата - 30, 31 март, потоа 7, 8, 13 и 14 април. Како и во изминатите години, Рок-фест ќе содржи натпреварувачки дел, и тоа првите три вечери, една финална (13 април) и две ревијални (8 и 14 април). Во шестдневната програма со свој репертоар ќе се претстават околу 35 групи од македонската андерграунд-сцена, кои негуваат различни музички стилови - панк, ортодоксен рокенрол, метал и сите негови разграноци... Некои од нив првпат се појавуваат на сцената, а има и поафирмирани состави, кои имаат објавено албуми, но и такви што оставиле значаен печат на македонската рок-сцена. Рок-фест традиционално ќе доделува награди, и тоа за најуспешниот бенд - снимање песна, додека пак најдобриот гитарист ќе добие професионална гитара јамаха од долгогодишниот партнер на Рок-фест, продавницата за музички инструменти До-ре-ми. Во рамките на годинешното издание ќе биде отворена и изложба со повеќе од 800 фотографии. Ова ќе биде најсоодветен начин за хронолошки приказ на фестивалот, каде што ќе можат да се видат бендови и музичари што настапувале на Рок-фест како што се Мизар, Токму така, Триангл, Сарацени, Клержо, но и некои од поновите имиња како Сињак, Верка, Санаториум, Д\'Далтонс, Дедикејтед фор лајф и други. Покрај фотографиите, на изложбата ќе бидат презентирани и плакати од изминатите изданија, летоци, беџови, како и компилациските аудиоизданија, кои своевремено беа објавувани од финалистите. Програма 30 март – четврток 1. Hall of since 2. Hush 3. Better Dicision 4. Saidon Гости 5. Holocaust 6. Steel Temple 31 март – петок 1. Held so dear 2. Mortality 3. Serpentine fire 4. Arcanum Гости 5. Borgoth 6. Crimson Sunrise 7. Saygon 7 април – петок 1. Mad Tripe 2. White noice in the white room 3. Endelss Effort 4. Eye Infection 5. Half 6. Bad Sector Гости 7. Totem 8 април – сабота 1. Промашена инвестиција 2. Ска Франциско 3. Nexus 4. Лоши деца 5. Тотално опуштање 13 април – четврток Финале 14 април – петок 1. Jason 2. Decadance 3. Victim Yield 4. Dedicated for life 5. Mindfist 6. Embriotomy Извор: [url=www.mmm.com.mk/Text1a.asp?id=4441&Rubrika=Vesti]МММ[/url]

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »