речник контакт

Љубомир Спасиќ на СП во кајак спуст на диви води

Тој единствен учесник од Македонија во Италија

Петар Печков

Велешанецот Љубомир Спасиќ, член на ККК Гемиџии 903  наредната седмица ќе учествува на СП во кајак – спуст на диви води  кое се одржува во Италија   на реката Ада од 9-ти до 14 јуни. Тој ќе вози во К-1 во две дисциплини класик и спуст на 11-ти односно 13 јуни. 

Спасиќ неодамна учествуваше на  ЕП во кајак слалом на диви води во Виена Австрија. Неговите надежи се дека тој во наредните две сезони ќе успее да обезбеди норма за учество на Олимпијадата во Бразил во 2016 година.

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »