речник контакт

Ќе го бидне ли Вила Зора, Студентски дом

За да се случи ова треба да заврши судскиот спор кој го водат борците со државата бидјеќи си ги бараат 60 отсто сопственост, кои ги вложиле кога е изграден

Петар Печков

Некогашниот Хотел Вила Зора, поранешниот Пензионерски дом, ќе стане дом за студентите кои учат Велес. Сега место кое зависниците од дрога го користат за нарко-сеанси, а велешани го избегнуваат како темна зона во градот, треба да добие нова функција. Веќе се направени првите чекори просторот да добие нова намена, на задоволство на сите.

Владата неодамна 40-те отсто сопственост на зградата, од Фондот на ПИОМ ги префрлила на Министерството за образование, што надлежните го потврдија. Зградата која на хартија е сопственост на општина Велес, треба  од есен да биде дом на сите кои во градот  студираат на четири факултети. Првиот човек на локалната власт, потврдува дека овој објект треба да стана студентски дом.

Нашата идеја  е празниот хотел, некогашен пензионерски дом да биде студентски кампус. Тука би требало да се сместат и хранат студентите кои се надвор од Велес  а посетуваат настава на постојните факултети кои работат во градот.   Ова ќе биде добредојдено бидејќи имавме забелешки за условите  каде се посетува наставата, посебно реакции од Правниот факултет – изјави Горан Петров градоначалникот на Велес.

Но за ова да се случи, има правна пречка, судски процес. Со делбениот биланс од 1999-та година,  зградата е префрлена во сопственост на Општина Велес. За ова се води судски спор, бидејќи Здружението на Борците бара сопственост на дел од објектот. Тој бил изграден 1985-та година а 60 отсто од вложените средства биле на ова здружение, додека 40 отсто биле на Фондот за Здравство. Борците во интерес на објектот, расположени се да се прекина судската постапка.

Доколку ни отстапат две простории, во кои и сега сме сместени и работиме, ќе го прекинеме судскиот спор. Ниту ние не сакаме објектот да пропаѓа и се руинира и добро решение е тој да стане Студентски дом или што се планира, само да не биде вака пуст и цел на неканети гости. Нас ни се доволни за работа овие соби – вели Саздо Кицевски, претседател на Здружението на Борците од Велес.

Локалната власт ваквата иницијатива ја прифаќа и предлага тоа да се стави на хартија и официјализира. Зградата располага со 160 легла во 60-тина соби и има три ресторан сали за 500 гости. Салите можат да се преуредат во предавални, а кујната би служела за студентски ресторан. Деновиве дел од мебелот, фотелји, маси и столови,  беше преземен од страна на Фондот за здравство. Тие бидејќи како имот кој своевремено го купила државата, биле сопственост на Фондот, се пренаменети за користење во банските лекувалишта, кои се во државна сопственост.

Во Велес студираат околу 1.500 студенти на четири факултети. Тие често се жалат на условите во кои посетуваат настава. Во зградата на некогашното ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот дел од инвентарот е наменет за деца, ниски столици и клупи, мали писоари во ве-це. Студентите од Правниот факултет  Јустинијан Први дисперзирана настава во Велес, пак настава посетуваат во зградата на општината и се случува, да губат настава  ако има прес конференција, бидејќи во истата просторија тие имаат предавања.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »