речник контакт

Ќе се расчисти ли убиството на Благој Стефановски

Ни по година и пол не се фатени убијците од Дервенски Поток

Петар Печков

Некрологот  за тажниот помен од пред некој ден, дека е измината една  и пол година од убиството на  Благоја Стефановски ( 32 год), за неговите блиски ги навраќа  болните моменти од 23 мај лани.  Тие бараат одговор  кој и зошто со  сурово го уби  нивниот син и брат, во настан кога  тешко  беше  ранет  и со возачот во автомобилот  Благој Миланов викан Штркот ( 43 год). За блиски на Стефановски тоа е платено убиство со најмени убијци, за кое експертите велат најтешко се докажува, а како пример го посочуваат убиството во Ореше.

   Година и пол нема одговор на прашањето кое секој ден си го поставуваме, кој го уби Благој. Полицијата требаше досега да го најде виновникот, бидејќи цел град знае кој е тоа. Постојано одам во полиција, пишувам писма до министерката, да се ангажираат и да ги пронајдат убијците. Се додека не се реши случајот,  јас ќе одам по тие врати и ќе прашувам  – вели Македонка Петрушева сестра  на  Благој Стефановски викан Кучето.

Тој и Миланов беа пронајдени застрелани во автомобил  марка голф  на 23 мај лани, едниот  починат на лице место  а другиот тешко повреден и облеан во крв. Непознатите сторители, се смета дека биле двајца  со калашников истрелале 33 куршуми во двајцата патници од голфот, кои биле заробени во возилото.  Полициската истрага констатирала дека убијците се појавиле на еден свиок, скриени во џбунови, тешко приметливи бидејќи било се зелено,  на место каде автомобилот мора да успори.

Почнале да пукаат  од зад  автомобилот, колата удрила во банкината, заглавила по што сторителите испукале вкупно 33 куршуми. Штркот кој бил од страната на џбуновите се спасил, затоа што теренот  на десната страна бил тешко достапен. Останува нејасно дали и колку време убијците  во заседа ги чекале двајцата пријатели, кои биле на викендичката, дали биле намамени или чекани.  Кога дошле екипите на Брзата помош, возачот на автомобилот Благој Стефановски   веќе бил починат, додека сопатникот Благој Миланов имал десетина прострелни рани на двете потколеници од нозете.

Тој пред полицијата изјавил дека не видел кој пукал, бидејќи инстиктивно се сокрил со рацете. Со обдукцијата било констатирано дека во Стефановски имало 22 влезни рани на телото  од исто толку куршуми.

Ако Благој бил виновен за нешто, ако скривил, ако згрешил, има суд во оваа држава. Нека оди затвор за тоа што го правел, но дали убиството  го решава случајот. Ми го земаа најмилото на најподол начин – вели мајката  Магда Станоева.

За ова дело на почетокот  беше осомничен велешанец   кој пријавувал дека  од страна на убиениот е  му е запален и уништен автомобилот и дека е физички напаѓан.  Но истрагата покажала дека тој во моментот кога се случило нападот,  имал  цврсто алиби, бил виден на платната рампа  кај Сопот, на автопатот Скопје  - Велес, кога се враќал дома. Застреланети кај Дервенскиот поток според велешката полиција се познати сторители на разбојништва, грабежи и други кривични дела за што се осудувани. Од полицијата кратко одговорија дека   истрагата за убиството  е во тек и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »