речник контакт

Ќе се реконструира мостот кај Ногаевци

Државата ќе го реконструира мостот на реката Вардар кај селото Ногаевци кој падна во декември 2010-тата година

Петар Печков

Државата ќе го реконструира мостот на реката Вардар кај селото Ногаевци кој падна  во декември 2010-тата година. Во информацијата која ја пласираше Министерството за транспорт и врски не е прецизирано колку ќе чини овој зафат, но за реконструкција на четири моста ќе се потрошат 32 милиони денари.  

Мостот во општина Градско, е на локаниот пат Градско – Ногаевци и истиот беше оштетен за време надојдувањето на Вардар во декември  2010 година. Имено при наносите од надојдената река  беше предизвикано уривање на едно столбно место и две полиња од мостовската конструкција и токму заради тоа е потребно да биде извршена реконструкција на овој армирано-бетонски мост.

Жителите година и половина  за да дојдат до селото мора да патуваат по обиколен пат преку селото Виничани или преку импровизирана патека над разрушениот мост.
 
Во следниот период, од страна на општината Градско ќе биде изготвен  проект согласно сите стандарди, по што и ќе можат да почне постапката за  градење. Од министеерството велат дека со реконструкција на  мостот ќе се овозможи поедноставување на превозот и скратување на километражата која треба да се помине за да се дојде во селото Ногаевци.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »