речник контакт

Џајков победник на тенискиот турнир Велес опен

Баже Џајков е победник на вториот тениски турнир ,,Велес 2010,,

Петар Печков

 Баже Џајков е победник на вториот тениски турнир ,,Велес 2010,, кој го организираше ТК Борец. Тој во финалето го победи Ѓоре Зафиров со 2:0 ( 6:1, 6:2). Во полуфиналето Џајков славеше со 2:0 против Бруно Ставревски а со ист резултат заврши и вториот полуфинален дуел кој Зафиров го доби против Црвенпанов.

На турнирот кој се играше на тенискиот терен од ракометното игралиште учествуваа 20 тенисери во сениорска конкуренција. Кај младинците победи Филип Раковски кој славеше над Црвенпанов. Ова е втор тениски турнир кој се игра по повод 11 Октомври а поради лошите временски услови, се играше два викенда. На ланскиот победи Зафиров.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »