речник контакт

Авона отиде во историјата, како и лимонадџилницата на Војса

Започнува изградба на кружен тек

Петар Печков

Заради изградба на кружен тек на улицата Благој Ѓорев  на спојот со улица  8-ма велешка, започна да се отстрануваат времените објекти спроти Железничката зграда. Локацијата позната како сендвичара Авона сега ќе остане само по името, се друго се руши.  

Од  десетината киоскци кои тука постоеја , сега останаа само купишта градежен шут.Но и  него ќе го снема. Потоа  ќе започнат  градежните работи  за изградба на кружен  тек.  

 Со овој кружен тек  ќе се добие  побезбеден  сообраќај  и  за автомобилите но и за пешаците. Досега оваа клучка  беше тесно грло за сообраќајот во новиот  дел од градот - изјави градоначалникот Славчо Чадиев.

 Станарите пак од Железничката зграда,кои долго време реагираа на бројните таксисти кои тука во  нивниот двор се лоцирани, се надеваат дека и овој нивен проблем со изградбата на кружниот тек ќе се реши.  

За целосно уредување на просторот, ќе се одземе и од тротоарот пред фонтанта кај Жито маркет. Целосната изведба  ќе го  чини градот околу 8 милиони денари. Така Авона заминува во историјата исто како и лимунадџилницата на Војса која беше од спротивната страна...

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »